Копенхаген против Сити игра со екипа каква што немало во нокаут-фазата од ЛШ уште од 1996 година

Уште кога го добија Манчестер сити за ривал, фудбалерите на Копенхаген знаеја дека тука ќе биде нивниот крај во Лигата на шампионите. По поразот од 3:1 на свој терен, сега е 3:1 за Сити само по 45 минути игра во Манчестер.

Иако губат убедливо, фудбалерите на Копенхаген поставија еден интересен рекорд. За првпат во последните 28 години, во меч од нокаут-фазата во Лигата на шампионите еден тим меѓу стартерите има дури тројца тинејџери.

Виктор Фрохолт, Ори Оскарсон и Вилијам Клем се тинејџерите кои се стартери кај Копенхаген против Сити. Последен пат ваков состав со тројца тинејџери во нокаут-фаза имаше извадено Ајакс на 20 март 1996 година против Борусија Дортмунд (Кики Мусампа, Кану и Нордин Вутер).

- Оглас -

Најнови вести