Копер и покрај исклучувањето на голманот ја разби Шкендија во контролен меч

Шкендија беше убедливо поразена со 0-4 од словенечки Копер во контролен меч одигран во Хрватска.

Тетовци кои се актуелни шампиони на Македонија, до 63-та минута примија четири гола од кои третиот беше вистинско ремек-дело, и иако ова е само пријателски меч, секако не остава позитивен впечаток во период кога тимот се подготвува за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Шкендија во 38-ма минута имаше добра шанса, но голманот на Копер направи фаул малку надвор од 16-никот за кој доби црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести