17.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Копијата подобра од оригиналот, восочната фигура на Винисиус претставена во Рио (Фото)

Опкружен со семејство, пријатели и обожаватели, бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор ја откри својата восочна фигура на самбадромот каде се одржува карневалот во Рио де Жанеиро.

Скулптурата која по „екскурзијата“ низ Бразил, ќе се заврши во музејот Мадам Тисо во Њујорк, е направена од почит кон неговата кариера и влијанието на и надвор од теренот.

Фигурата го прикажува напаѓачот на Реал Мадрид во дресот на бразилската репрезентација.

Винисиус е деветтиот Бразилец кој доби ваква статуа. Вакви восочни фигури имаат и Пеле, Роналдо, Роналдињо и Нејмар од фудбалерите, Формула 1 пилотот Аиртон Сена, пејачката Анита и манекенките Адријана Лима и Алесандра Амброзио.
- Оглас -

Најнови вести