Бенфика со 1-0 го изненади Ајакс во Амстердам и се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Стрелец на голот за португалскиот тим беше Дарвин Нуњез, кој стана најмлад уругвајски фудбалер кој погодил во елиминациска фаза на ЛШ. Првиот меч во Лисабон заврши 2-2, Ајакс напаѓаше, редеше шанси, даде и гол кој беше поништен, но прими гол и тоа му ги пресече нозете.