Коприва е првиот ривал на Ѓоковиќ, Србинот ќе има пеколна мисија за да стигне до тронот

Седумкратниот освојувач на „Вимблдон“, Новак Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против Вит Коприва од Чешка, во првото коло на турнирот кој од 1 до 14 јули ќе се игра на тревнатите терени во Лондон.

За Ѓоковиќ ова ќе биде прв меч по операцијата што ја имаше по повредата здобиена на Ролан Гарос. Доколку успее да победи, Ѓоковиќ во следното коло ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Ферил-Моро Канас, додека во евентуалното трето коло, можен ривал ќе му биде Аргентинецот Томас Мартин Ечевери.

Актуелниот бранител на тронот, Карлос Алкарас во првото коло ќе игра против Марк Лајал од Естонија, додека Јаник Синер за ривал ќе го има имењакот Јаник Ханфман од Германија.

- Оглас -

Најнови вести