Кореа ќе го памети Боно ако Атлетико не биде шампион (Видео)

Јан Облак одбрани пенал во осмата минута на шпанското дерби вечерва, но голманот на Севилја, Јасине Боно, е јунакот на мечот по одбранетиот зицер во последните моменти од мечот на „Санчес Писхуан“.

Домаќините славеа со 1:0 против лидерот во Ла Лига, Атлетико Мадрид, а победата ја одбрани Боно со фантастична интервенција во дуелот со Анхел Кореа во 93-тата минута.

Мароканецот рефлексно реагираше и го спречи Аргентинецот да израмни од зицер позиција. Тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Кореа долго ќе ја памети утката, или поточно одбраната на Боно, особено ако Атлетико Мадрид не успее да ја освои шампионската круна.

Јорганџиите сè уште се во пол-позиција со три бода предност пред Реал Мадрид, а закана ќе биде и Барселона, која ќе се пробие на второто место со еден бод помалку од лидерот ако утре го победи Валјадолид на „Камп ноу“.

Атлетико имаше комотна и двоцифрена предност пред ривалите, но во последните 10 рунди загуби дури 14 бодови.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести