Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин, постигнал усмен договор да се приклучи на Лос Анџелес ФК, објави новинарот Фабрицио Романо.
Сон кој има 33 години, го одигра својот последен натпревар за Спарс во пријателскиот натпревар против Њукасл во Сеул во неделата, а еден ден претходно, Јужнокореецот ја објави својата одлука да го напушти клубот од Лондон по 10-годишен престој.
Според изворот, Сон не се вратил во Велика Британија со тимот бидејќи чека да потпише документи со клубот од МЛС лигата. Тотенхем за Сон треба да добие отштета од 15 милиони евра.
Откако останаа без Сон, во Тотенхем со сите сили се обидуват да се засилат со Родриго од Реал Мадрид, но Бразилецот засега ги одбива понудите.