Јужна Кореја среќно, но и заслужено се пласира во четвртфиналето на Азиското првенство во фудбал откако на пенали ја елиминираа Саудиска Арабија.
Голманот Џо одбрани два пенали и се претвори во еден од јунаците на Кореја. Претходно Кореја се спаси од пораз со гол во 99-тата минута (деветта минута од судиското продолжение) и израмни на 1-1. Селекторот на Саудијците, Италијанецот Роберто Манчини направи погрешен избор на изведувачи на пенали и разочаран од двете утки, уште пред да заврши пенал-серијата, си замина во соблекувалната.
Во четвртфиналето, Јужна Кореја, чиј селектор е германската легенда Јирген Клинсман, ќе се сретне со Австралија.