Легија Варшава киксираше на свој терен и загуби со 0-2 од Краковија, иако домаќините ја имаа улогата фаворити. Краковија даде два гола пред крајот на првото полувреме и тоа беше доволно за триумф. По овој неуспех, Легија остана на 42 бодови, четири помалку од лидерот Лехија.
Иако вчера загубија на теренот, навивачите на Легија уште еднаш покажаа дека се меѓу најдобрите во Европа. Тие направија неверојатна кореографија, која вреди да се погледне.
Коментарите се затворени.