Американскиот кошаркар Кори Волден, кој е роден пред 28 години во сојузната држава Флорида во САД, од денеска има и српско државјанство, па за неговиот клуб Црвена ѕвезда ќе игра како домашен играч. Ова е голем плус за Црвено-белите пред битките во домашното првенство, АБА-лигата и Купот на Србија бидејќи им се отвора место за уште еден неевропски играч во составот.
Волден првиот контакт со Србија го имаше во 2019 година кога потпиша за Партизан, а по една сезона, премина во редовите на најлутиот ривал.
Одлуката за доделување на српско државјанство за Волден веќе е излезена во Службен весник и сега тој официјално е и Србин. Волден не е првиот кошаркар странец кој добил српски пасош, но досега натурализираните немаа заиграно за репрезентацијата на Србија.