Корнерот на Барди донесе три „златни“ бодови за Бодрумспор

Бодрумспор ја извојува третата победа во последните четири кола, па сега тимот за кој од крајот на јануари игра Енис Барди, веќе не е во опасната зона на табелата, иако и понатаму им претстои жестока битка за опстанок.

Денешниот триумф од 1-0 на гости кај Аланијаспор е многу значаен, затоа што и тимот од градот каде е познатото летувалиште, се бори за опстанок. Сега Бодрум има два бода повеќе од 17-то пласираниот Аланијаспор.

Капитенот на македонската репрезнтација беше асистент при голот во 81-ва минута. Барди одлично нафрли од корнер, а Али Ајтемур даде убав гол со глава кој донесе голема радост за гостите.

- Оглас -

Најнови вести