Корона не се предава, грчевито се бори за опстанок

Екипата на Корона е најпријатно изненадување во последните две кола на полскиот фудбалски шампионат. Фудбалскиот тим од градот Кјелце кој е познат по ракометот, сега е трети од долу на табелата и грчевито се бори за што подобра позиција пред стартот на плеј-аут лигата. Од лигата испаѓаат три тима.

Интересно е што Корона не знаеше за победа во 2020 година, но пред да биде прекинато првенството поради коронавирусот победија на 9 март, и сега во првото коло од продолжувањето на сезоната, истотака остварија триумф.

Денеска Корона Кјелце како гостин го победи Плоцк (уште едно име кое е попознато во ракометот отколку во фудбалот), со 4-1. Во следното коло, Корона игра дома против ланскиот сензационален првак Пјаст.

 

- Оглас -

Најнови вести