Родриго Морено, напаѓачот кој го засили Лидс изминатово лето, е позитивен на ковид-19, потврди фудбалерот на социјалните мрежи. Родриго се заразил со вирусот по контакт со близок роднина кој исто така бил заразен, меѓутоа не знаел дека корона-вирусот е присутен.
Соиграчот на Езѓан Алиоски моментално е во самоизолација според протоколот, нема симптоми, а ќе го пропушти следниот меч на Лидс против Кристал палас, исто така нема да биде дел од репрезентацијата на Шпанија за следната репрезентативна пауза.
Инаку, Алиоски не е во опасност да добие забрана за приклучување на нашата селекција во пресрет на најважниот натпревар за Македонија во историјата, мечот против Грузија за пласман на Европското првенство.
💬 Message from Rodrigo: pic.twitter.com/tuTaMAUMXH
— Leeds United (@LUFC) November 3, 2020