Корона-вирусот го одложи проширувањето на „Енфилд“

Ливерпул го одложи проширувањето на „Енфилд“ на 12 месеци поради пандемијата со корона-вирусот. Наместо надградбата да започне кон крајот на 2020 година, со работа ќе почнат 12 месеци подоцна, а финишот на надградбата е предвиден за летото 2023 година.

Инвестицијата ќе го чини европскиот првак до 60 милиони фунти, додека култниот стадион ќе достигне капацитет од 61.000 седишта. Ливерпул овој месец требаше да добие дозвола за проширување на трибината на „Енфилд роуд“, а што се однесува за изградбата на нов тренинг-центар, засега нема одложување.

- Оглас -

Најнови вести