Корона-вирусот „го уби“ четирикратниот германски првак

Третолигаш Кајзерслауртен утре ќе поднесе барање да објави банкрот, известуваат германските медиуми. Долговите пораснаа на 24 милиони евра во кризниот период, сума која некогашниот национален првак не може да ја подмири по неуспешната потрага по спонзор кој ќе вложи во клубот.

Кајзерслауртерн исто така ќе остане без лиценца за настап во третата лига за следната сезона, која чини 15 милиони евра, па на клубот не му преостанува ништо друго освен да згасне и да почне одново.

Четирикратниот германски шампион е основан пред 120 години, националната титула ја освојуваше во четири наврати во 1951, 1953, 1991 и 1998 годнина, а брои и два куп-трофеи како и Суперкуп на Германија.

- Оглас -

Најнови вести