Гетеборг – Хамарби (Алсвенскан, Шведска, 19 часот)
Гетеборг нема победа во регуларен дел на 15 меча по ред, а сепак освои вредна титула во националниот Куп на Шведска со триумф против Малме по продолженија.
Домаќините како да слават предолго, па се најдоа во опасната зона за испаѓање, што според квалитетот на тимот, но и реномето на 18-кратен шведски првак не им доликува.
Гетеборг е вториот најтрофеен клуб во земјата и има голема база на навивачи, па ќе се обиде против Хамарби да ја прекине мизеријата со 15 меча без победа.
Отсутни од мошне важниот меч на „Улеви“ кај домаќините ќе бидат Себастијан Ериксон, Содер, Хараишвили и Бјарсмир, што е осетен хендикеп за Гетеборг.
Хамарби има 8 бода повеќе од Гетеборг, но и серија од три меча без победа. Бјорклунд и Качаниклиќ, кој има македонски корени, не се подготвени за настап. На последните меѓусебни дуели овие две екипи често ремизираа, па ќе се обидеме со нула.
Предлог тип: Х (3.30)
Норчепинг – Остерсундс (Алсвенскан, Шведска, 19 часот)
Домаќините влегоа во лош ритам и имаат само една победа на последните 8 меча. Според реномето, Норчепинг е многу повисока класа од гостите, кои немаат титула во Шведска и се тазе прволигаши, за разлика од домаќинот со 13 шампионски круни, што го рангира на третата позиција на вечната листа.
Јенс Густафсон, кој пристигна како тренер на Норчепинг во 2016 година, само една сезона по последната титула на клубот, има многу мака во последно време, иако има многу солиден тим.
Норчепинг е фаворит, но Остерсунд нанижа четири победи по ред и е во подобра форма. Единицата е мала, па ќе типуваме на голови, што се заштитен знак во последно време на меѓусебните дуели на Норчепинг и Остерсундс
Предлог тип: 2-3I&4+ (3.80)
Оребро – Малме (Алсвенскан, Шведска, 19 часот)
Малме е главен кандидат за титулата, но мора да внимава против тимот со кој се намачи да победи во првиот дел од сезоната.
Рекордерот со 20 титули го победи Оребро на домашен терен со 2:1, со пресврт, и ја продолжи серијата успеси против денешниот ривал.
Лидерот на табелата во Алсвенскан има пет победи по ред во дуелите со Оребро и е голем фаворит за нов успех. Малме мора да победи за да ја задржи дистанцата од шест бода пред Хакен, а има сè што е потребно за нов триумф против Оребро.
Репрезентативецот Телин е во одлична голгетерска форма, се наоѓа на делба на првото место со 9 гола на листата со најдобри стрелци и се очекува да го предводи Малме до нова победа.
Предлог тип: 2&1+ пол. (1.73)
Номе Калју – Мура (Лига на Европа, 19.30 часот)
Заостанатиот квалификацикски меч за пласман во фаза по групи во Лигата на Европа конечно ќе се игра, и тоа на неутрален терен во Будимпешта.
Првично беше одложен поради корона-вирусот, па сега нема веќе отстапки и денеска ќе се знае која екипа ќе му биде ривал на данскиот Архус во четвртфиналето во квалификациите за ЛЕ.
Словенците се фаворити, иако ќе играат без стандардниот играч за врска Лука Бобичанц. Тимот од Мурска Собота тргна одлично во новата сезона во Словенија, моментно е лидер без примен гол и со две победи во стартните две кола и е голем фаворит против естонскиот тим.
Номе Калју лани ја изненади Шкендија во првото квалификациско коло за ЛШ, а потоа претрпе дебакл од 0:7 во два меча со Селтик, а беше елиминиран и од Дудаланж во двомеч за настап во Лигата на Европа.
Мура е поквалитетна екипа, случајот со корона-вирусот ѝ помогна да се игра на неутрален терен и типуваме чиста двојка.
Предлог тип: 2 (1.45)
Ленс – ПСЖ (Ла Лига, Франција, 21 часот)
Ленс почна со пораз во премиерниот меч по камбекот во Ла Лига, а за шампионот Пари Сен Жермен ова ќе биде прв меч во домашното првенство.
Европскиот вицешампион има многу проблеми со ковид-19 и дури седуммина фудбалери што се во самоизолација, што му дава неочекувана шанса на домаќинот.
За ПСЖ денеска нема да играат Мбапе, Нејмар, Ди Марија, Икарди, Паредес, Маркињос, а отустен е и голманот Навас. Најавен е камбек на Верати, па Томас Тухел може барем малку да здивне.
ПСЖ има и квалитетни резерви, но сега и Ленс во ваква ситуација не е без шанси. Домаќините имаат сосема пристоен тим предводени од поранешниот играч на Челзи и на Севилја, Гаел Какута, и можат да му зададат многу проблеми на тимот што доминира во Франција.
Предлог тип: 1+I&1+II (1.70)
Во стандардната дневна понуда на Sport Life квоти на денот се:
Оребро – Малме Х2&3-6 (1.95)
Ленс – ПСЖ 2&T2 2+ (2.25)
Хјустон рокитс – Л.А Лејкерс 2-2 (2.10)