НБА-лигата ја одложи церемонијата за влез во „Куќата на славните“ за генерацијата 2020, на која требаше да бидат претставени трагично загинатиот Коби Брајант, Кевин Гарнет и Тим Данкан. Свечениот настан е презакажан за пролетта во 2021 година поради пандемијата со корона-вирусот која силно ја зафати територијата на САД.
Гала-вечерта првично требаше да се одржи во август годинава, потоа се вршеа напори да се презакаже за подоцна во октомври, меѓутоа и таа опција сега е невозможна. Затоа организаторите се погрижија церемонијата да помине во најдобар ред, а одложувањето ќе го донесе токму тоа.
Салата во Спрингфилд, во која се одржува церемонијата, има капацитет над 2.000 седишта, согласно мерките за заштита од ковид-19 не е дозволен собир на критична маса. На почетокот од јуни треба да се одржи состанок на кој ќе се одлучува кога и како ќе се одржи настанот на којшто ќе се овековечат делата на Гарнет, Данкан и Коби.