Џенаро Гатузо не може да крене глава од проблеми со корона-вирусот. Само што му се врати Фабијан Руис кој помина 18 дена во самоизолација, предводникот на Наполи загуби уште еден важен играч во доста клучен период.
Калиду Кулибали е позитивен на ковид-19 според последните тестињата, па така искусниот стопер на Наполитанците ќе мора да седи околу две недели во самоизолација.
Тоа значи дека Гатузо нема да смета на својот трет капитен за утрешното гостување кај Џенова и Горан Пандев. Уште поголем проблем е што Кулибали нема да биде во конкуренција за настап во возвратиот полуфинален дуел против Аталанта во Купот на Италија, како и во дербито против Јувентус кое е закажано за 13 февруари.