Короната ја фаворизира Англија – УЕФА е блиску до одлука сите натпревари на ЕП да се играат во една земја

УЕФА е блиску до одлука Европското првенство во фудбал да се игра во една земја наместо во предвидените 12, а голем фаворит во тој случај ќе биде Англија.

Тоа би значело дека Македонија не би играла во Букурешт на 13 јуни против Австрија и четири дена подоцна против Украина, ниту во Амстердам против Холандија на 21 јуни.

УЕФА стравува од моментната ситуација со корона-вирусот во Европа, па јасно е дека сè поблиску е одлуката да се игра само во една држава.

Финалето е закажано во Лондон, на „Вембли“ на 11 јули, а Англичаните се надеваат дека ќе се игра со публика, и тоа со полн капацитет од околу 90 илјади луѓе.

Македонија за првпат ќе учествува на големо натпреварување, а ако УЕФА донесе одлука Англија да биде единствениот организатор на сите натпревари, тоа ќе биде полошата варијанта за симпатизерите на фудбалот во нашата земја.

Процедурите за англиска виза се комплицирани, а секако повеќе ќе ни одговараше да играме два меча во Букурешт, кој е многу поблиску и патувањето до Романија е и поедноставно и многу поевтино од некоја од дестинациите во Англија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести