Короната не ги остави на раат – Во Романија има нов одложен меч

Лидерот Универзиатета Крајова стигна на прагот на титула по 29 години пауза, но сега го има и најопасниот противник по рестартот на првенството, пандемијата со ковид-19.

Тренерот на првопласираната екипа во плејофот, Кристијан Бергоди, има симптоми на корона-вирус, а позитивен тест има и спортскиот директор на клубот Лусијан Преторијан, па мечот меѓу Астра и Универзитатеа што е закажан за 25 јули е одложен.

Популарните Студенти од Крајова сега стравуваат од ширење на заразата во услови кога се на прагот на титулата по три децении пост.

Моментно се на првото место со 44 бода, пред Клуж, кој е актуелен шампион и со меч помалку има и четири бода негатива во однос на лидерот.

Универзитатеа треба да игра со Астра, а терминот треба дополнително да се одреди, а потоа и со Клуж на домашен терен во последното коло, што може и да го одлучи шампионот.

Клубот од Крајова и претходно имаше одложен меч, против Ботошани, но тогаш тимот за којшто играат Стефан Ашковски и Давид Бабунски имаше проблеми со заразени од ковид-19.

Во текот на продолжението на првенството во Романија, каде што по рестартот се играат Лигата за титулата и за опстанок, имаше уште неколку одложени натпревари од истата причина, но Романците некако туркаат и стигнаа до самиот финиш на сезоната.

 

- Оглас -

Најнови вести