Короната се врати во Наполи – Рахмани и Хисај пак се позитивни на ковид-19

Во Неапол повторно се загрижени откако пак има случаи позитивни на корона-вирус. Репрезентативецот на Косово, Амир Рахмани, и албанскиот репрезентативец Елсејд Хисај повторно имаат позитивен наод на Кковид-19 и веднаш се испратени во карантин.

Претходно и нашиот репрезентативец Елиф Елмас беше со позитивен тест, но, за среќа, по карантинот се врати на теренот и сега има негативен тест на проверката пред дуелот со Реал Сосиедад вечерва од 18.55 часот.

Наполи за првпат ќе игра на својот стадион откако се смени името од „Сан Паоло“ во стадион „Диего Армандо Марадона“ во чест на големата светска и клупска легенда, која почина на 25 ноември.

Елмас ќе биде во комбинација за последниот дуел на Наполи во фазата по групи во Лигата на Европа, а на домаќините им треба само еден бод за да се пласираат во следната фаза и да победат ако сакаат да го освојат првото место во групата Ф.

 

- Оглас -

Најнови вести