Коронавирусот донесе службена победа на шпанскиот тим!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе одлука Вилјареал службено со 3:0 да го добие дуелот против Карабах во последното коло од Лигата на Европа. Средбата која требаше да се игра во Шпанија, не се одигра поради тоа што гостинскиот клуб немаше доволен број на фудбалери за настап, поради многумината играчи заразени со Коронавирусот.

Дисциплинската комисија на УЕФА реши Вилјареал на „зелена маса“ да ги добие бодовите, но и финансискиот бонус од 570.000 евра за победа во оваа фаза од натпреварувањето. И без одигрувањето на овој меч се знаеше дека Вилјареал ќе биде прв во групата додека Карабах ќе остане на последното место и ќе ги заврши евронастапите за оваа сезона.

Вилјареал во првото коло од нокаут фазата ќе игра против Салцбург на 18 февруари следната година.

 

- Оглас -

Најнови вести