Корона-вирусот ги нападна битолчани, Еурофарм Пелистер ослабен во Франција

Еурофарм Пелистер ќе биде ослабен на гостувањето кај францускиот Ним во ЕХФ Европската лига.

Од клубот објавија дека пред заминувањето за Франција, позитивни резултати на ПЦР тестовите за ковид-19 имале Матео Мараш и Немања Обрадовиќ, а тренерот Жељко Бабиќ нема да смета ниту на Јосип Периќ, кој е болен и Мирко Радовиќ, кој има повреда на рамото.

Пелистерци на гостувањето во Франција заминаа само со 14-мина ракометари, од кои двајца голмани, па ротацијата ќе биде доста скратена.

- Оглас -

Најнови вести