26.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Коронавирусот го одложи мечот на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед синоќа требаше да одигра пријателски меч против Стоук, но дуелот беше одложен. Според медиумите во Англија, средбата не се одигра поради тоа што еден играч на Стоук бил позитивен по тестирањето на корона-вирусот, по доаѓањето во тренинг-центарот на Манчестер јунајтед.

Добра вест за Црвените ѓаволи е тоа што ниту еден фудбалер на англискиот гигант не бил во контакт со противничките играчи, што значи дека не постои опасност за заразени на „Олд Трафорд“.

Според договорот, Премиер лигата во Англија треба да продолжи на 17 јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести