18.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Корона-вирусот го покоси Реал: Заразени се и Бејл, Асенсио, Родриго…

Лука Модриќ и Марсело не се единствените фудбалери на Реал Мадрид кои се заразени со корона-вирусот. По направените денешни тестирања, позитивни на корона-вирусот се и фудбалерите Бејл, Асенсио, Родриго и Лунин, како и Давиде Анчелоти, кој е помошник-тренер.

Реал Мадрид утрово го одложи тренингот откако вчера беше констатирано дека Модриќ и Марсело се позитивни, а сега се потврдува дека тие не се единствените заразени.

Во Шпанија засега нема одложување на натпревари како во Англија, но може да се очекува и тука некој меч да не се игра.

Според распоредот, Реал в недела на свој терен треба да игра против Кадис.

- Оглас -

Најнови вести