Коронавирусот го спречи Ливерпул да постави недостижен рекорд

Веќе и не е важно што ќе се случува со спортските првенства кои масовно се откажаа откако се прогласи пандемија поради коронавирусот. Голем дел од фудбалските, кошаркарските и останатите шампионати се привремено одложени најмалку до почетокот на април, додека има најави дека некои фудбалски првенства како Бундеслигата би означиле крај на тековната сезона.

Одложувањето на Премиер лигата, меѓу останатите, го спречи Ливерпул да постави рекорд кој тешко дека некој би го стигнал во иднина. Имено, на тимот на Јирген Клоп му беа потребни две победи за официјално да биде прогласен за англиски првак. Доколку се одиграа дуелите против Еверон и Кристал палас до крајот на месецов, Ливерпул ќе поставеше рекорд за најбрзо освоена титула во историјата.

Англискиот шампионат е стопиран до 3 април, a состојбата по 29 натпревари е ваква:

  1. Ливерпул 82 бода
  2. Манчестер сити 57 бода
  3. Лестер 53 бода
  4. Челзи 48 бода
- Оглас -

Најнови вести