Коронавирусот ја зеде првата жртва во Јапонија, засега нема план за откажување на ЛОИ 2020

Смртоносниот Коронавирус продолжува да се шири, а последните информации се дека и во Јапонија има најмалку една жртва, а повеќе луѓе се заразени. Без разлика што Коронавирусот има сè поголем замав и бројот на жртви расте, засега не се доведува во прашање одржувањето на Летните олимписки игри во Токио.

Директорот на олимпискиот комитет Јоширо Мори ги демантираше одредени натписи дека можно е да има откажување на најважниот спортски настан во светот.

„По појавувањето на вирусот, низ светот кружат многу лаги, а една од тие е дека ЛОИ може да не се одржат. Јасно порачуваме дека воопшто не размислуваме на таа опција“, вели Мори.

До почетокот на Олимписките игри остануваат уште 160 денови, а градоначалникот на Токио, Јурике Коикер, вели дека нема причини за загриженост. Од спортските настани кои требаа да се одржат во Кина, веќе се откажани олимписките квалификации во кошарка и бокс, потоа Формула 1 трката за ГН на Кина, како и Атлетското светско првенство во сала.

- Оглас -

Најнови вести