Корона-вирусот му ја уништи сезоната на Никола Јокиќ!

Многу НБА-играчи ќе го пропуштат продолжувањето на сезоната во лигата, а причина за тоа е корона-вирусот. Меѓу оние кои нема да се појават во кампусот е и ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар беше позитивен на опасниот вирус додека беше во својата земја.

Јокиќ лесно го помина вирусот и последниот тест му покажа дека е негативен.Сепак, многу е веројатно дека тој нема да биде дел од тимот на Денвер во остатокот од сезоната, која ќе се доигра во светскиот „Дизни центар“ во Орландо.

„Колку што слушнав, Никола Јокиќ нема да биде во авионот на Денвер нагетс кој ќе отпатува во Орландо. Потребни му се два негативни теста во Србија, а потоа и уште два негативни теста пред да влезе во авионот. Тоа е протоколот на НБА. Мојот извор вели дека првиот тест во Србија му е негативен и дека се чувствува добро, но дека има проблеми со наоѓање авион за да стигне до САД“, вели новинарот Мајк Сингер.

Доколку Јокиќ не игра, тоа ќе биде голем проблем за Денвер затоа што српскиот кошаркар сезонава играше одлично и беше предводник на екипата со 20,2 поени, 10,2 скока и 6,9 асистенции по меч. Според планот од НБА, сите екипи ќе треба да се појават во Орландо најдоцна до 20 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести