Тотенхем в четврток треба да го игра клучниот меч за поминување на групната фаза од Конференциската лига, а лондонскиот тим се соочува со голем проблем. Неколку фудбалери и дел од стручниот штаб се покажаа позитивни на последното тестирање.
Тоа значи дека Тотенхем нема да биде комплетен за дуелот против Рен во Лондон, на кој домаќините мора да победат ако сакаат да останат втори и да поминат во нокаут-фазата.
Освен мечот во Конференциската лига, Тотенхем периодов има многу згуснат распоред, па во рок од две недели треба да игра и против Брајтон, Лестер, Ливерпул и Вест хем.
Според пропозициите на УЕФА, еден тим мора да има минимум 13-мина играчи за да се одигра меч. Засега Тотенхем ги има потребните 13-мина фудбалери за да го одигра дуелот против Рен в четврток.