Веќе 15 години Серхио Рамос го носи дресот на Реал Мадрид. Дефанзивецот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2005 година за трансфер вреден 30 милиони евра. Рамос не само што се промовираше во командант во одбраната туку тој веќе подолго време ја носи и капитенската лента.
Рамос сигурно ќе сака кариерата да ја заврши во Реал, но сега има неочекуван проблем. Договорот му завршува за два месеца, а челниците на Кралскиот клуб засега не му понудиле нов договор. Причина за ваквите калкулации е пандемијата со Коронавирусот.
Поради неиграњето мечеви, клубовите влегоа во криза, а сега е речиси сигурно дека Рамос нема да ја добие посакуваната плата со евентуалниот нов договор. Ако се знае дека и неколкуте претходни легенди и капитени на Реал Мадрид, како што се Икер Касилјас и Раул, си заминаа и не добија шанса да ја завршат кариерата во Мадрид, можно е да очекуваме дека и Рамос во скоро време ќе си замине од Реал.