Коронавирусот ова може да го направи спорт број 1 во моментов: Гледајте трки на џамлии (Видео)

Пандемијата од Коронавирусот ги стопираше речиси сите спортски настани во целиот свет. Европското првенство во фудбал е одложено за идната година, Летните олимписки игри нема да почнат во предвидениот термин, нема никаква кошарка, ракомет, фудбалски првенства… Едноставно ова е период кој не го памти спортот во последните децении.

Во една таква ситуација, кога мора да се биде изолиран, сè попопуларни стануваат трките со џамлии. Се работи за трка во која поголем број џамлии се пуштаат на земја и по одредена патека треба да стигнат до поставената цел.

За да биде регуларно кој победил, се мери и времето на сите учесници-џамлии, а за да биде повозбудливо има и коментатор. Ваквите трки ги има веќе неколку години, но сега во време кога нема никаков спорт, стануваат исклучително популарни, па дури некои започнуваат и да се обложуваат на овие трки кои навистина знаат да бидат возбудливи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести