Коронавирусот означи крај на сезоната во ВТБ-лигата

ВТБ-лигата го зеде примерот на Литванците и Израелците и означи крај на сезоната. Управата на регионалното источноевропско кошаркарско првенство донесе одлука прекинатата сезона поради пандемијата со Коронавирусот воопшто да не се доигра, додека уште не е познато дали новата сезона ќе стартува во стандардниот период наесен.

Во лигата преовладуваат руските екипи и учесниците во Евролигата, како ЦСКА Москва, Химки и Зенит, но има и екипи од Полска, Белорусија, Казахстан и Естонија, а естонскиот тим Калев уште од претходно се повлече и реши да не продолжи со натпреварување доколку сезоната се врати во погон.

Клубовите воедно им дозволија на странските кошаркари да се вратат дома.

- Оглас -

Најнови вести