Коронавирусот во Италија уништи 12.000 клубови и милион фудбалери

Италија е најтешко погодената земја од Коровавирусот во Европа. На Чизмата има најголем број заразени и починати лица од опасниот вирус. Иако помина само малку повеќе од еден месец откако Коронавирусот се појави во земјата, последиците веќе се катастрофални. Моментно има над 80.000 заразени и повеќе од 13.000 починати.

Според анализите, и во фудбалот бројките се застрашувачки, а најмногу се погодени аматерските и полупрофесионалните клубови. Дури 12.000 клубови се пред згаснување, а тоа значи дека без омилениот спорт ќе останат дури еден милион фудбалери.

Во Италија сепак ќе се обидат да се спасат од фудбалската катастрофа и затоа е подготвен пакет од 400 милиони евра за да се спаси „темелот“ на фудбалот во земјата затоа што фудбалот во Италија не се само клубовите во Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести