Коронавирусот за Боксинг деј „подари“ два одложени меча во Премиер лигата!

Дуелите меѓу Ливерпул – Лидс и Вулверхемптон – Ватфорд кои требаше да се играат за време на традиционалното Боксинг деј коло во Англија се одложени. Причина за одложувањето е зголемениот број на заразени со Коронавирусот.

Новиот сој на Омикрон постојано создава нов проблеми во Англија, а веќе беа одложени неколку дуели. Двата меча кои требаше да се играат во неделниот термин од 13:30 часот.

Лидс и Ватфорд беа клубовите кои побараа одложување на овие мечеви и тоа барање беше прифатено.

- Оглас -

Најнови вести