Кош за победа и легендарна изјава на Дерик Роуз (Видео)

Дерик Роуз блескаше во последната четвртина, постигна 15 од вкупно 21 поен на мечот против Њу Орлеанс, а со неговите поени со звукот на сирената Детроит победи со 105:103.

Вообичаено како најдобар играч на мечот, популарниот Ди-Роуз даде изјава по мечот, која беше легендарна.

„Извинете на англискиот, но јас сум роден за вакви сра.а. Сериозен сум, ова го правам цел живот“, изјави Роуз.

Ладнокрвно успеа да го надитри Џру Холидеј, кој е одличен дефанзивец и потоа да погоди за победа на гостите од 105:103.

- Оглас -

Најнови вести