Италија и Австралија непријатно изненадени, Црна Гора по план

Второто коло на Светското првенство во Јапонија, Индонезија и Филипини започна со две големи изненадувања. Фаворитите Италија и Австралија доживеаја порази од Доминиканската република, односно Германија, додека Црна Гора одигра по планот и го совлада Египет.

Репрезентацијата на Италија доживеа непријатно изненадување и загуби на стартот од второто коло на кошаркарското Светско првенство од Домониканската република со 87-82.

Италија одлично го отвори мечот, но клучна за поразот беше кстастрофалната трета четврина која ја добија доминиканците со 31-17.

Фелис и Таунс од победничката екипа беа најефикасни на мечот со по 24 поени. Во составот на Италија најмногу поени уфрли Спису, 17.

Репрезентацијата на Германија ја доби драмата со Австралија и забележа победа од 85-82. Германците во текот на целиот меч диктираа темно, но Австралија во последниот период се врати во игра и мечот се одлучуваше на една топка.

Шродер од репрезентацијата на Германија беше најефикасен на мечот со 30 поени, додека Милс од Австралија уфрли 21.

Репрезентацијата на Цена Гора без проблеми стигна до втората победа на Светското првенство и обезбеди пласман во следната рунда, односно помеѓу најдобрите 16 селекции во светот. Црногорците денес го надиграа Египет со 89-74, а Никола Вучевиќ повторно беше најефикасен во нивните редови, овопат со 16 поени.

Убедливо најефикасен кошаркаш на паркетот беше Салех од Египет со 26 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести