Порторико дури после продолжение го “скрши” дебитантот Јужен Судан, сигурна победа за Грузија

Репрезентацијата на Портприко многу потешко од очекувањата стигна до стартната победа на Светското првенство, откако дури после продолженија го совлада Јужен Судан со 101-96.

Селекцијата од Африка долго имаше водство во натпреварот, но не го издржа налетот на Порторико во последниот период, кој се избори за нерешено, 81-81 после регуларниот дел.

Во продолжението одлучувачко беше искуството на портприканците кои дополнителните пет минути ги добија со 20-15.

Џонс од Јужен Судан беше убедливо најефикасен на мечот со 38 поени. Во победничката екипа најмногу поени уфрли Томпсон, 21.

Репрезентацијата на Грузија без никакви проблеми го совлада Кабо Верде со убедливи 85-60 во нивниот прв натпревар на ова Светско првенство. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кое грузијците го добија со 48-22 и до крајот мечот беше само формалност.

Шенгелија со 16 поени беше најефикасен во составот на Грузија и воопшто на натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести