Кошаркар избркан од клуб затоа што бил на анти-корона протест во Берлин

Германскиот репрезентативен кошаркар, 30-годишниот бек Џошико Саибу, е отпуштен од клубот Телеком баскетс Бон, затоа што учествувал на демонстрации во Берлин против мерките на владата во борбата против коронавирусот.

„Не можеме да прифатиме одговорност за постојаниот ризик од инфекција кој играчот Саибу го има кон тимските колеги и противниците“ – велат од клубот и додаваат дека кошаркарот е избркан затоа што ги прекршил правилата за професионално однесување.

Викендов во Берлин имаше голем број луѓе на протестите, а полицијата го растури собирот бидејќи само малкумина од демонстрантите носеа заштитни маски и не држеа дистанца.

Саибу кој има 10 настапи за националниот тим, објавуваше фотографии и видеа како на тренинг оди без маска, а ги поддржува оние теории на заговор во врска со коронавирусот, критикувајќи ја владата за лошо справување со пандемијата. Германската кошаркарска федерација нема да го казни. Од таму не го оправдуваат кошаркарот, но ги прифаќаат неговите ставови и правото на различно мислење.

„Јас сум кошаркари, но прво и основно, човек. Тоа што останав без работа е тоталитаризам и шлаканица во лице за слободата на изразување и говор. Толеранцијата треба да биде врвен приоритет во клубот, но се докажа спротивното. Да ме претставиш како опасност за клубот е несериозно“ – изјави Саибу.

- Оглас -

Најнови вести