НБА-лигата го казни Џон Колинс, центарот на Атланта хокс, со 25 меча суспензија поради прекршување на правилата за користење допинг. Колинс бил позитивен на тестот кој покажал дека користел супстанци за хормонски раст, а казната ќе стапи на сила уште ноќеска, во пресрет на дуелот на Атланта против Сан Антонио спарс.
Воедно, Колинс во следните 25 натпревари нема да добива плата, а тој е третиот кошаркар од НБА-лигата кој поради слични причини е казнет со неиграње, исто како Деандре Ејтон од Феникс и Вилсон Чендлер од Бруклин. Колинс има право да се жали на пресудата, но тешко дека казната ќе биде тргната.
Дваесет и двегодишниот кошаркар сезонава има просек од 17 и речиси 9 скока по натпревар, а Атланта дури по првите пет меча од неговата суспензија ќе може да доведе замена, доколку има потреба за тоа.