Убиството на Џорџ Флојд ја потресе Америка, а масовните протести во Атланта ги координираше и познат НБА кошаркар.
Џејлен Браун мина над 1.700 километри од Бостон до Атланта, патешествие што траеше над 15 часа за биде дел од протестот.
Бекот на Келтите дури и даваше координати каде да се собираат луѓето што го изразија револтот по убиството на Флојд.
https://www.instagram.com/p/CA1CIDwltO3/?utm_source=ig_web_copy_link
Трагичниот случај во Минеаполис што се случи на 25. мај при апсењето на Флојд заврши со смртни последици. Џорџ во последните моменти молел за помош извикувајќи дека не може да дише, но полицајците не застанале во обидот да го уапсат, по што жртвата почина.
Покрај Браун и многу други познати спортски ѕвезди протестираат со паролата „Не можам да дишам“