Кошаркар на Ефес за влакно избегна трагедија, падна приколка на неговиот автомобил (Видео)

Кошаркарот на Анадолу Ефес, Брајант Данстон, денеска доживеа сообраќајна несреќа во Истанбул и во која за влакно избегнал сериозни повреди.

Данстон се возел во својот автомобил, кога му паднала приколка од камион. Тој е пренесен во болница каде ќе биде под надзор на лекарите, но за среќа избегнал тешки повреди.
Засега нема информации, дали кошаркарот со својот автомобил се удрил во приколката, или пак таа се откачила од камионот и паднала врз возилото на Данстон.

 

- Оглас -

Најнови вести