26.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Кошаркар на Кливленд поради мистериозна болест загубил 10 килограми за неколку дена

Кошаркарот на Кливленд кавалирс, Лари Ненси џуниор се соочува со мистериозна болест поради која веќе 10-тина дена е „врзан“ за креветот и нагло загуби поголем број на килограми. Ненси ослабе дури 10 килограми и тоа од 29 март до сега.

Сите тестирања за Коронавирусот покажуваат дека тој е негативен, а лекарите не можат да откријат за каква болест се работи и што е тоа што прави нагло губење на килограмите на кошаркарот. Според последните информации, Ненси се чувствува подобро од претходните денови кога одбивал да јаде, но и да прими било каква инфузија.

Кошаркарот сезонава нема среќа околу повредите и веќе има пропуштено 12 недели. Имаше скршеница на левата рака, како и свиткан скочен зглоб.И покрај честите повреди, Ненси, тој сезонава просечно бележи 10,1 поени, 7,1 скока и 3,1 асистенција по меч.

 

- Оглас -

Најнови вести