Кошаркар на ЛА Лејкерс ќе настапува за Литванија и тоа само поради својата девојка

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Д’Анџело Расел, во иднина најверојатно ќе настапува за репрезентацијата на Литванија, откако изразил таква желба и тоа само поради својата девојка. За ваквата желба информиран е и претседателот на Литванија и наскоро се очекува да започне процедурата за издавање на државјанство и пасош.

Расел е во врска со литванката, Лаура Иваниукас, со која има и две деца, па балтичката земја која е во иста квалификациска група со Македонија, неочекувано може да добие големо засилување за Олимпијадата во 2028-мата година, секако доколку се пласира.

Д’Анџело Расел оваа сезона за ЛА Лејкерс има просек од 11.5 поени и пет асистенции по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести