Дерик Вилијамс, кошаркарот на Панатинаикос, во дуелот против Монако (80:83) постигна нов рекорд во Евролигата постигнувајќи 24 поени по ред за својот тим.
Претходниот рекорд беше во сопственост на Девин Смит, кој во сезоната 2014-15 постигна 19 поени по ред.
Вилијам на дуелот со Монако освен што постави нов евролигашки рекорд, мечот го заврши со 28 поени и 6 скока, но и тоа не беше доволно да биде прогласен за МВП на колото. Тоа признание го поделија Мајкл Џејмс, Саша Везенков и Николо Мели.
Вилијамс во 2011 година беше избран како втор пик на драфтот, а во НБА настапуваше за Минесота, Сакраменто, Њујорк, Мајами, Кливленд, ЛА лејкерс, додека во Евролигата го носеше дресот на Баерн, Валенсија, Макаби Тел Авив и Фенербахче.