Навивачите на Партизан се уште ја очекуваат разврската околу оставката на Жељко Обрадовиќ, која останува на сила и по денешниот состанок со раководството на клубот.
Сепак, кризата во „црно-белиот“ табор може да се зголеми и по најавите дека германскиот репрезентативец, Ајзак Бонга, веќе го информирал раководството на клубот дека сака раскин на договорот доколку Обрадовиќ си замине.
По ваквите информации, веднаш следувала реакција на Реал Мадрид, Милано и Фенербахче, од каде го информирале менаџерскиот тим на кошаркарот дека вратите за Бонга во нивните клубови се отворени.
Според последните информации од медиумите во Србија, конечната одлука околу иднината на Жељко Обрадовиќ се очекува да биде донесена утре.

