Кошаркар на Реал играл со фалсификуван пасош, од Барселона бараат да им бидат одземени трофеите

Екипата на Реал Мадрид е во центарот на голем кошаркарски скандал кој ја тресе Шпанија, и тоа пред сè поради нивниот поранешен кошаркар Марус Слотер. Американецот во 2015 година настапуваше за Kралскиот клуб, но со пасош од Екваторијална Гвинеја, за којшто подоцна се покажа дека бил фалсификуван. Сега се води судски спор против Американецот, а тој призна дека пасошот го купил за 35.000 долари од друг поранешен кошаркар на Реал Мадрид за да може да настапува како домашен играч во Шпанија.

Ова беше повод екипата на Барселона да побара одземање на трофеите кои ги освои Реал Мадрид, односно првенството и Купот во 2015 година, кога спорниот американски кошаркар настапувал за нив.

- Оглас -

Најнови вести