Кошаркарските работници ги дадоа своите предлози за најдобрите во спортот со портокаловата топка за 2018 година, а признанијата на најуспешните ќе им бидат доделени на свеченоста во понеделник.
Најдобар кошаркар во машка конкуренција не е е еден, туку се двајца. Годинава нема категорија најдобар интернационалец, а со оглед на тоа дека Војдан Стојановски и Бојан Трајковски играат надвор, МКФ реши тие да бидат прогласени за најдобри.
Најдобра кошаркарка е Анџелика Митрашиновиќ, најдобра машка екипа е Работнички, а најдобра женска екипа е Бадел 1862. Марин Докузовски е тренер на годината кај мажите, а Срѓан Дамјановски е најтренер во женски клуб.
Најдобра машка екипа во младинските лиги е Работнички, а Струга кај младинките. Признание има и за кадетската репрезентација како најдобра млада репрезентативна екипа.
Најдобар млад кошаркар е Виктор Ефремовски, а кај девојките е Илина Селцова. Најдобар судија за 2018 година
е Игор Митровски.