29.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Кошаркарите до 18 години ја победија Белгија и против Бугарите ќе се борат за опстанок во елитата

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија стигна до првата победа на Европското првенство – А дивизија, кое се одржува во Белград, совладувајќи ја Белгија со 81-72 во разигрувањето во борбата за 13-тата позиција. Со ова, нашиот кошаркарски тим ја задржа и шансата за опстанок во елитата, а решавачкиот меч ќе го има против селекцијата на Бугарија.

Првиот период Белгија го доби со 20-17, а потоа Македонија имаше одлична втора четвртина (16-26) и на полувреме замина со предност од седум поени.

Белгијците беа токму за седум поени (18-11) подобри во третиот период, па одлучуваше последната четвртина. За среќа, таа повторно и припадна на Македонија. Нашите млади кошаркари на крајот славеа со 81-72.

Најефикасен во нашата селекција беше Ѓорѓевиќ со 22 поени, додека Јаничиќ и Димоски запишаа по 17 поени.

- Оглас -

Најнови вести