25.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Кошаркарите до 20 години убедливо поразени од Австрија

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години доживеа втор пораз на Европското првенство – Б-дивизија, што се одржува во Ереван, Ерменија. Нашиот тим загуби од Австрија со 58-79 вo второто коло.

Двата тима започнаа неорганизирано, правејќи многу грешки, што резултираше со малку постигнати поени. И Македонија и Австрија имаа проблеми со шутот од три поени, со по една тројка од по 13 обиди во првото полувреме.

На одмор, резултатот беше 30-21 во корист на Австријците, главно благодарение на поголемиот број слободни фрлања во втората четвртина.


Клучната разлика се создаде во третата четвртина, кога Австрија зголеми на убедливи 60-42, недостижно водство за избраниците на Горан Самарџиев.

Во следното коло на ЕП – Б дивизија, нашите кошаркари ќе играат против Грузија.

- Оглас -

Најнови вести