22.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Кошаркарите едногласни: „Подмладени сме, но ќе го дадеме максимумот за Македонија“

Подмладената кошаркарска репрезентација на Македонија веќе неколку дена се подготвува за натпреварите против Романија и Унгарија во претквалификациите за Светското првенство. Селекторот Марјан Илиевски има доста проблеми околу составот, па Македонија со подмладен состав ќе се обиде да обезбеди место во главните квалификации за кошаркарскиот Мундијал.

„Повеќето од нас добро се знаеме, имаме играно заедно, како во младинските репрезентации така и во сениорската. Оттука сметам дека тие два контролни натпревари ќе ни бидат добредојдени за да се подготвиме подобро и да влеземе што посилно во битните дуели. Ќе дадеме сè од себе. Јас лично како играч, а сигурен сум дека и сите мои соиграчи коишто се тука. Тоа што репрезентацијата е подмладена, е еден природен чекор којшто доаѓа со времето. И сите сме спремни за тоа. Подготвени сме за да го издржиме притисокот кој со себе го носат наредните предизвици“, вели Андреј Андоноски.

Слично размислува и Андреј Митревски, кој најавува дека без разлика кој ќе игра, сите се подготвени да го дадат максимумот.

“Повикани се неколку млади играчи. Имаме доста млади играчи во овој состав и затоа треба да се подготвиме што е можно најдобро. Имаме некои петнаесетина дена, можеби и малку повеќе до натпреварите од претквалификацискиот циклус. Оттука најдобро е да се подготвиме што е можно подобро за тие натпревари. Исто така да се спремиме добро и да ги одиграме и оние подготвителни натпревари против репрезентацијата на Швајцарија. Да го дадеме нашиот максимумж и да избориме најдобар можен резултат. И да се квалификуваме за оние наредни квалификации. Знаеме дека Романија и Унгарија се добри противници, но тоа не значи ништо за нас. Нормално е дека имаме шанси. Секако дека ќе се бориме, дека ќе одиме на победа. Можеби на ‘хартија’ тие би биле фаворити. Но, секако, тоа не значи ништо и нормално ќе одиме на победа и на двата натпревари и да се квалификуваме за понатамошната фаза од натпреварувањето“, рече Андреј Митревски пред преселбата на репрезентацијата во Гевгелија.

Македонија во Гевгелија ќе одигра два контролни дуела против селекцијата на Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести